Адвокат во Скопје · деловно право
Практиката ми е насочена претежно кон друштвата. Од основање и упис во Централен регистар, преку договорни односи и статусни промени, до наплата на побарувања, работни спорови и престанок на друштво.
Застапувам домашни друштва, странски инвеститори што основаат ДООЕЛ или подружница во Македонија, странски државјани при регулирање работна дозвола и престој, како и физички лица во граѓански и семејни предмети.
Секој предмет го водам лично, од првичната консултација до завршување на постапката. Комуникацијата се одвива на македонски, албански или турски јазик.
Отворање и затворање фирми: ДОО, ДООЕЛ, подружници на странски друштва, упис во Централен регистар, ликвидација и бришење
Деловно и трговско право: содружнички односи, статусни промени, одлуки на управата, трговски спорови
Договори: изготвување и правен преглед на договори со клиенти, добавувачи и партнери
Дозволи за странци и престој: работна дозвола, привремен и постојан престој, продолжување на дозволи
Наплата на побарувања: опомени, предлози за извршување, тужби
Работно право: договори за вработување, правилници, дисциплински постапки, откази и спорови